СНЕГОТ ЌЕ ВРНЕ ДО ЧЕТВРТОК: УХМР во последната прогноза предвидува засилени врнежи од снег!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за хидрометеоролошки работи информира за висината на снежната покривка во Македонија измерена во 20 часот. Согласно податоците, во Маврово има 60 сантиметри снег, 36 Пожаране, 25 Ѓуриште, 21 Берово, 15 Крива Паланка, 14 Струмица, 11 Битола, 10 Тополчани, 6 Претор, 5 Виница, 4 Прилеп, 2 Демир Капија, 1 Штип.

sneg-640x426

Температури над нулата се измерени во Охрид (3) и Гевгелија (2), а 1 степен во Демир Капија и Виница. Нула степени е во Битола, Струмица, Прилеп, Тетово, Скопје, Претор и Штип.

Минусни температури се регистрирани во Крива Паланка, Берово, Тополчани (-1), Пожаране, Ѓуриште (-2)и Маврово (-5).

До крајот на денот нè очекува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови, а во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Утре времето ќе биде облачно со повремени снежни врнежо, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Температурите ќе се движат од минимални -6 ди максимални 5 степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во во крајните југоисточен делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови. Најмногу врнежи се очекуваат во среда и четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри нов снег.

Стабилно и суво време се очекува од петок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This