Собранието денеска на напладне ќе ја продолжи расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање. Пратениците шести ден ќе расправаат за потребата од донесување на овој закон.
Седницата за оваа точка беше прекината ноќеска 15-тина минути по 2 часот на барање на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според најавите на Талат Џафери поради почетокот на изборната кампања за локалните избори во понеделник на 25 септември се очекува викендов Собранието да ја прекине работата.
Во досегашната расправа по предлог законот во прво читање, говореа десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека законот е противуставен и бараат негово повлекување, додека според парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот и со него не се нарушува унитарниот карактер на државата.