April 19, 2024, 10:40 pm

Советничката група во Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе пријава до антикорупциска против Шилегов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција за спорните одлуки на последната седница на Советот на Град Скопје.

Пријавата се однесува на Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева за предложените и усвоените одлуки за реконструирање на локални патишта во општина Карпош(Нерези) и општина Сарај(с.Бојане) во време на изборна кампања.

Одлуките кои се донесени се спротивни на член 34 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси и член 8-а од Изборниот законик. Според член 34 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси и член 8-а од Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до денот  на завршување на изборен процес, неможе да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавно претпријатие или други правни лица кои располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, канализации, далноводи и други објекти или објекти за општествени дејности и други ограничувања.

Оттука, со предложувањето и донесувањето на Одлуки од ваков тип за време на изборна кампања се врши влијание на избирачите и се врши злоупотреба на службената функција градоначалник на Град Скопје и Претседател на Совет на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This