April 19, 2024, 11:44 am

(Видео) Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара поништyвaње на одлуката за ДУП-от во Расадник и отпочнување на нова транспарентна постапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сoветничка група на „ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија“ во општина Кисела Вода на денешната седница побара надополнување на дневниот ред со точка:

– Поништувaње на одлуката за ДУП-от во Расадник и отпочнување на нова постапка според новиот закон која ке биде по транспарентна и во неа би учествувале граѓаните на Расадник, ние како советници, НВО- секторот , како и сите општествени чинители.
Нашиот предлог за жал беше одбиен.

Ние сме народни избраници и наша обврска е секогаш да работиме во интерес на нашите сограѓани, а не да задоволуваме лични апетити на поединци, напиша на фејсбук Орце Ѓорѓиевски , член на советничката група.

Во таа насока по одбивaњето да се прифати нашиот предлог , како советничка група ја блokиравме работата на советот, каде моментално распоредот на силите ни е 11:11 (бидејќи мандатот на нивнот 12 советник не е верификуван). Останува во наредниот период да надвладее разумот кај советничката група на СДСМ и да го поддржат нашиот предлог со што би ја одблokирале и работата на советот, додаде тој.

https://www.facebook.com/1OrceGj/videos/380359026319493

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This