Пат – прав и широк – во реалноста сте на добар но не сосема лесен пат. Ако патот е со кривини – вашите мисли и постапки можат да ви донесат лоши резултати. Се движите во неправилна насока.

Душа – ако ја видите својата душа над вашето тело – тогаш сте побожен. Секогаш добро размислувате пред да започнете нешто. Меѓу другите сте познат по чесноста, благородништвото и милосрдието. Ако се одделува од вашето тело – сериозна болест или смрт.

Еднорог – претставува среќа.

Жед – ако сте жедни во топло време – вашите мисли се свртени премногу кон материјалниот свет. Размислете за духовноста. Доколку во сонот ја угасите жедта со матна вода – вашите пријатели или колеги можат да ве предадат или излажат.

Икона – доколку во сонот иконата ви се наоѓа дома – ќе има верски спор, нарушување на хармонијата.

Исповед – ако се исповедате во сон – ќе извршите недостојна постапка виделина, за која ќе жалите. Ако сте во улога на свештеник – тежок период во кој најблиските ќе бараат спас од вас, но ќе ви биде тешко да им помогнете.

Книга – значи мудрост. Ако се многу – во реалноста се мачите да го изберете вашиот животен пат или приоритети.

Прстен – нерешени проблеми. Ако поставувате прстен на сакан/а – ја симболизира вашата верност.

Крст – простување, заштитени сте од зло. Ако носите крст – ќе простите на оној кој ве навредил. Ако ве простуваат на спиење – вашиот ангел-чувар ве чува од несреќа.

Крв – предупредува за конфликт со вашите блиски. Ако се обидувате да го запрете течењето на крвта, тагувате за ваш близок кој е мртов. Ако е на вашата облека – ваш близок ќе наштети на вашиот углед.

Мајка – ако ја сонувате како што е во реалноста – во блиско време не чекајте сериозни промени. Ако таа е мртва и ја сонувате – обрнете внимание на зборовите што ви ги кажува и на нејзините дејства – таа ве предупредува за нешто. Ако таа всушност е здрава и полна со сили, а во сонот е изнемоштена – однесувајте се внимателно кон неа, можно е несвесно да сте ја повредиле.

Молитва – ако се молите во сон – ве чека успех во делата, а во семејството ќе дојде радоста.

Молња – разурнувања и несреќа. Однесувајте се сериозно кон здравјето, особено на дишните патишта.