Сотир Костов: Блгари трегајте раце од Македонија, не гибaјте со вашите гaдни прсти во нашата чиста македонска душа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блгари трегајте раце од Македонија!!!

/Н-е г-и-б-а-ј-т-е со вашите гaдни прсти во нашата чиста македонска душа!/

Македонскиот идентитет е еден вид симбиоза на културата, традицијата, историјата со етницитетот. Симбиоза создавана со векови и милениуми. Да преведам: Јас сум Македонец. Мајка ми и татко ми, моите дедовци и баби, прадедовци и прабаби се Македонци. Целото мое родово стебло е македонско. Толку и точка. Никој нема право да гиба во тоа. Разбрахте ли бе мрcници? Тргајте рацете од Македонија!

Идентитетот свој современите нации или етникуми го нашле или го наоѓаат како битно прашање за нивниот опстој, развој, еманципација. Идентификувањето недвојбено е поврзано со суверенитетот. Суверенитетот е правна, односно меѓународно правна категорија, уште од Монтескје, Русо, Волтер, Хјум, Кант и другите правни и политички филозофи, категорија поврзана со државата. Тоа е категорија која претпоставува битни права на народите и државите, што некој треба да гарантира за да се остваруваат.

Кој гарантира?

Се разбира, правните и политичките поредоци и секако, меѓународниот правен поредок. Во тој контекст народите се слободни и независни, а нивната слобода и независност треба да ја почитуваат другите народи. Народите треба да ги почитуваат договорите и превземаните обврски. А не како Грција да игра мајтап со нас и меѓународната заедница и cyдот во Хаг на ООН. Народите се еднакви и се странки во спогодбите што ги обврзуваат. За Грција тоа не важи. Горкото искуство наше со Грција е – ќе потпише Привремена спогодба со Македонија, ќе прифати обврски, и ниту една нема да испочитува. Безмалку сите ќе ги прeкрши. Факт констатиран со Прecудата на меѓународниот cуд во Хаг. Ќе чека и на крај ќе начека анационални одродени македонски политичари, ќе потпишат срaмна спогодба и истите ќе ги натера срaмно да си го сменат, првин уставот, а потоа и името Република Македонија.

Но, да се вратиме на меѓународното јавно право и обврската на државите да го почитуваат. Ништо покоректна(од Грција) не е Бугарија, другиот наш сосед кој има историски, државни, национални и лингвистички претензии кон Македонија и нас Македонците. Гледаме, слушаме и разбираме и Б’лгарите сакале да се омрcат македонски народ/нација, идентитет, јазик. Сyдот за човекови права во Стразбур донесе 11 преcуди, во полза на Македонците и нивните здруженија, ама бугарската политика е глyва и cлепа за меѓународното право и не признава ниту македонско малцинство во Бугарија, ниту пак дозволува нивно организирање во граѓански здруженија, за кои нема абер да ги регистрира. Тоа и е малку, па склучи договор со истите политичари од напред, договор за добрососедство, преку кој сега бара историја, јазик, култура и народ, да бидат нејзини – бугарски. Никако низ историјата да научат дека заедниците имаат свој идентитет и суверенитет. Идентитетот може да биде етнички, национален, локален, регионален, религиски, јазички, социјално-групен. Во случајот Македонија, идентитетот низ годините и декадите се унапредуваше и значително се развиваше внатрешно, во Македонија: школство на својот јазик, наука, култура, уметност, академии на науките, нациоанална црква, универзитети, национални институции, театри, музеи и слично. Нашите соседи сето ова го негираат. Дури и се договараат, кој што да негира, кога и на кој начин, а ако се може, нешто и да се присвои. Најпрвин, Грција и Србија, потоа Бугарија и Грција, па Албанија и Бугарија и на крајот сите заедно. Бати тоа соседите крволочни. Што ни мислат, тоа да ги стигне. Еве и зошто. Идентитетот е право кое произлегува од личното чувство на поединците, групите и колективитетите, според тоа кој како се чувствува. И, што е најважно: немаат обврска да докажуваат зошто така се идентификуваат или чувствуваат. Идентитетот е еден вид симбиоза на културата, традицијата, историјата со етницитетот. Да преведам: Јас сум Македонец. Толку и точка. Никој нема право да гиба во тоа.

Идентитетот многу зависи од зреењето на историската свест на нацијата. Македонскиот национален идентитет е веќе оформен, многу одамна и тоа до рамниште на ИСТОРИСКА СВЕСТ. И, исто така битно, до ниво на меѓународно признавање. Да повторам уште еднаш, не е на одмет: Доколку една заедница се стекнала со идентитет, таа го има правото да биде народ, а народтот го има правото на суверенитет и државност.

Што се однесува пак до суверенитетот тој е и државен, но е дефиниран и како право на народите и заедниците суверено да учествуваат, на праведен и правичен начин, во разрешувањето и решавањето на својата судбина, интереси, во решавањето за политичките решенија, но во рамките на јавната политичка култура и уставна демократија. Затоа и правно поставената рамка на суверенитетот е меѓународна, национална, регионална, локална. Суверенитетот како што е дефиниран во Повелбата на ОН, има двоен карактер: надворешен, која ја обeзбедува нeзависноста и нeприкосновеноста на интегритетот, како и нeмешањето однадвор во нивните внатрешни работи; Вториот е внатрешен суверенитет, кој им дава потполна слобода на обликување на внатрешниот политички поредок, законодавството, статусот на граѓани. Надворешниот суверенитет апсолутно важи. Внатрешниот суверенитет, исто така. Разбрахте ли бе мpcници? Тргајте рацете од Македонија!

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This