March 28, 2024, 10:17 am

СПАС СО АМЕРИКА, ИЛИ ОД САМИТЕ СЕБЕ…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој свет, иако се заснова на вистината, сепак бара рамнотежа. И затоа, паметните луѓе нè предупредуваат дека има некои работи што на крајот на краиштата најдобро се чуваат за нас самите.

Првото нешто што треба да се чува во тајност, велат мудреците, се вашите далекусежни планови. Обидете се да молчите додека не се оствари целта.

Нашите идеи не само што се несовршени, имаат и многу слабости, лесно е да се осуетат и уништат. Како студент на правен факултет уште во дамнешната 1980 година влегов во новинарските кругови и води, дружејќи се со млади и професорски надежи за македонската идеја. Во тоа време овие идеи за режимот на СФРЈ се квалифицираа како “неподобни“ и “опасност“ по системот, бидејќи ја негуваа и ја љубеа идејата за независна Македонија! А, ништо не е случајно, или местено, се’ е по Божја волја и промисла. Таа идеја денес е вистина и само вистина. Се поставува прашањето, како да ја опстоиме Македонија како “независна“ во вистинска смисла на зборот, кога имаме гнилеш и трулеш од политичари или политиканти. Секоја чест на исклучоци кои во изминатите 30 години од независноста на Македонија ја доведоа државата на ивиците од понорот и нејзиното опстојување.

И пак со мудреците и мудроста која ни ја даруваат…

Понатаму, не зборувај за своите добротворни цели кои ги правиш или имаш план да се сторат – тоа е реткост на овој свет и затоа треба да се чува како зеницата во окото свое. Не фалете се за добрите дела. Гордоста веднаш ќе го препознае тоа и ќе ви ја одзеде целата нежност дадена на добротворни цели.

Не може, а де не се спомнат ветувањата и што не’, кажано од политиканти кои пред да ја освојат власта и фотељата за лично богатење и лечење фрустрации, ветувања кои остануваат како сеење на магла и “тресење празна слама“, не баре мислат дека сме, простете на речникот и споредбата “но зажал денешните политичари и тоа на врвот нарекувајќи не како стока врзана во кафеси“ или “фекалии, истурени на улица“ како што некој пролупан инжинер кој сега го снема оти му се задоволија бедните амбиции да си ги вработи децата и добие напојници за утринска шкембе чорба и чаша шприцер… Да не заборавиме сите се добротвори, спасители, миротворци, пацифисти, европејци, натовци, и што уште не, а кога стануваат власт забораваат на се’! Одозгора како послушни војници од типот на “Швејк“ ќе си го наведнат “грбот и задникот за извршување на сите“ дневни зповеди кои ќе ги добијат?! Додворувањето на запад и преку Големата бара, за некаков короидор или спасување на најпрвин 6, па 60, потоа 160 или ќе биде бројката како таа од Косово, на Стенковец: прашува народот?!

Авганистанците, како што пренесуваат медиумите, беа своевидна брана или логистика за спас на Авганистанците од Талибанците, или да се игра улога на поранешните претседатели Тито со своето братсво единство и зеницата на окото или Глигоров со коридород од 400.000 Албанци од Косовската криза 1999, која исто беше кобајаги поддржувана од Меѓународната заедница, но на крајот Македонија и Македонците дебело го платија цехот врз економијата и безбедноста.

Се гледа од вселената, дека се бара уште еден мандат за власт, народот не верувам дека ќе го одобри, оценува самиот народ… Власта, нагласува народот, не се добива со лигавење, или клиентелизам или давање зелено светло организирање свадби на затворено, а на штета по здравје на народот во време на пандемија!

Од друга страна, да не бидеме лошо разбрани, треба да се помогне секому кога е во мака и невоља, како и на Афганите кои бегаат од шеријатот и насилниците како што се Талибанците. Но, секој друг треба ова да го стори, како на пример Данска, Шведска, или Франција или Германија или која и да е европска или светска држава, оценува народот, и во шепот оти народната вели страв лозје чува…

Народот прашува, каде се тие силни медиуми и “новинари“ кои како труби трубеа за секаков вид криминал и злонамера, како злосторства врз македонскиот напатен народ кој се случуваше до 2016 година?! Не сум тука и нема никогаш да бидам ничиј адвокат, ниту на еден политичар или политикант! Новинарите треба да бидат пред се објективни, професионални и сервис на народот, а не партиски мегафони, поддржувачи и платеници. Нели?

Секој треба да си биде пред се одговорен и свесен да си ги плати личните пенали и казни за злоделата и злосторствата. Ќе повторам и потсетам, по делата и злоделата ќе не препознае историјата и народот!

Вели народната, денес човек сам не треба да оди ниту во нужник, човекот сам за себе е нула, ама кога некој ќе застане до вас вие сте 10 и така натаму… Каде е Македонија во изминатите 30 години со ваквиот лош колорит од политиканти? Секако на депонијата, од светот или слепо црево. Простете ми, ќе ја употребам изјавата на една моја колешка која вели, политикантите Македонија ја донесоа до дереџе да биде септичка јама на Европа и светот!

Секогаш држи се и дружи се со посилните, помудрите, поспособните, помудрите од тебе, но пред се со луѓето со достоинство! Ова се основни принципи и протоколи како што милуваме денес се’ повеќе да го употребиме овој термин.

Македонија уште од времето на Вудро Вилсон, американскиот претседател кој застанал цврсто, стамено и пред се македонски на страната на Македонците и македонската независност уште во далечните од 1909 година наваму. Да потсетам, Македонците како народ се едни од најстарите печалбарски народи кои ја дефинираа и градеа Америка, Австралија, Канада и други држави каде Македонците беа еден од конституентите во изградбата на државите во создавање. Така е и со САД, уште 1910 година Македонците јавно на паради и јавни манифестации ја истакнуваа идејата за независна Македонија, и тоа замислете речиси пред еден век…

Затоа, Американците не ја криеја и ден денес ја негуваат и поддржуваат Македонија како независна држава, но како? Секако со умни и неклиентелистички политиканти, кои немаат врска со самите себеси, ниту со просторот и вемето, да не речам со математиката!

Политичар кој ја знае само операцијата собирање, а не длење или вадење на процент, од него ниту свирче не бидува!

Се сеќавам и на дамнешната 1990/91, како вработен во Македонското радио – Радио Скопје. Кога започнаа подготовките за прославата на Денот на независноста – 8 септеври 1991, состојбата беше како во лимбо зона: Некои сакаа да се одржи прославата, другите живееја со идејата 4 плус два или платформата на Изетбеговиќ-Глигоров, се’ – само Независна Македонија – Не! Грижата и стравот беа дали ќе успееме со сето тоа? Еден дури велеше, да побрзаме да не замине возот во 15 до 3 за Белград, бидејќи нема да не’ биде?! Се сеќавате за кого пишувам? Денеска истиот како голуб превртач што би рекле нашите северни соседи и со голем апетит да стане прв човек на државата.

Верувале или не, според сведоштвата на мојот ментор, Слободан Чашуле, новинар бард во новинарството и директор на Македонското радио и поранешен министер за надворешни работи, немаше никаква помош и финансиска поддрршка да се одржи најсветлиот настан во македонската историја – Денот на независноста! Не можеле да се снајдат ниту за бината која требаше да се постави вечерта за прославата на независноста,на плоштадот Македонија, а денес за настан на Коалицијата на власт сметката беше пола милион евра!

Не сакам, а да не го спомнам проектот Отворен Балкан или Open Balkan

Тоа е силен проект кој не треба да биде алтернатива за, ЕУ интеграција!

Впрочем овој америксмски проект треба позитивно да се разбере и прифати се со цел да се закопаат воените секири меѓу народите или племињата на Балканот, како и “апетитите” и идејата за Големи држави, туку растење и развивање на свеста кај генерациите кои допрва доаѓаат, односно стереотипите и предрасудите треба да бидат минато.

Конечно со Отвотен Балкан Македонија не смее да биде колетерална штета и самата да, се претопи и изгуби односно самоизбрише како држава и како народ со овој проект.Едновемено кон Отворен Балкан треба, да, се приколнат и Босна и Република Српска како и Црна Гора.

До каде не водат политикантите македонски со нивната беда, хипокризија и нечесност кон граѓаните и народот пред се, прашуваат самите? Кога, имаме коалициона влада која, стои на стаклени нозе преполна, со уценување и доколку не му се исполнат барањата на, коалициониот партнер тогаш “ПАДА ВЛАДА,” како и уценети политичари, полни со обвиненија и доколу “вивнат” веднаш знае што ги чека! И како да, му се помогне на народот?!

За финале, ќе се задржам на САД, кои секако треба да ги почитуваме и со нив да останеме стратешки партнери, ама во вистинска смисла на зборот. Да потсетам и еден настан, а потврден од поренешниот специјален пратеник на претседателот Глигоров за името, проф.д-р Васил Тупурковски кој за емисијата “Гласот на народот“ уште во 2009 година изјави и потврди, дека уште дамнешната 1994 година претседателот на САД, Џорџ Буш Постариот, заедно со државниот секретар Џејм Бејкер, донесоа одлука да ја признаат Македонија први и тоа пред Руската Федерација,. Претседателот Џорџ Буш и Државниот секретар ЏЕЈМС Бејкер, изјави доктор Тупорковски, испратија Извршна одлука за признавање на Македонија, но некој од зградата на Парламентот на Македонија во која беше и кабинетот на првиот човек на Македонија ја одби или стиснал на факсот reject, или по Македонски јазик документот “се отфрла”истакна Тупорковски 2009 во Гласот на народот на МРТВ.

И така ние, од независна држава, станавме една гротеска или карикатура од држава, негодува народот, барајќи спас од несеризони и недоветни политиканти, кои во изминатите три денеции, секоја чест на исклучоци, со пораката: “Македонија – 51. ѕвездичка на американското знаме, или спасот на пропаста?!“

Започнав со мудреците и ќе завршам со нивните мудрости: “Молчењето е вашата храброст и херојство. Во животот, некој добива надворешни, а некој внатрешни предизвици. Тие се видливи однадвор, луѓето добиваат награди за нив, но никој не го бележи надминувањето на внатрешните предизвици, е за тоа не се даваат награди!“

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This