СПОРЕД КАМБОВСКИ ОРГАНИЗИРАЊЕ И ПОДДРШКА НА БОЈКОТ Е КАЗНИВО ДЕЛО СЕГА: Кој одговараше за организираниот бојкот во 2004та? селективна изјава на академикот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот на државниот правен факултет во Скопје „Јустинијан Прима“ и член на МАНУ, академик Владо Камбовски, во изјава за медиумите се обиде да ги предупреди поддржувачите на бојкотот, на претстојниот референдум, дека тоа дело е казниво со закон. Тој дури цитираше и член од законот со кој наводно, поттикнувач на бојкот и организатор ќе бил подложен на парична или затворска казна до три години. 

„Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе“, споредува Камбовски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на 24 август ги известил пратениците дека до денеска треба да се изјаснат дали се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, за потоа пропорционално на пратеничките групи или на пратениците од сите три опции Собранието да им го плати комерцијалното претставување на кампањите во медиумите.

Кривичниот законик е прецизен и во членот 387: „Организирање на отпор“, стои:

„(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“.

Според Кривичниот законик, за организирање отпор кон законита одлука може да се добие затворска казна и до три години, но членот е уште поригиден ако дошло до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука, па пропишува казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица.

Она што заборави да го напомене академик Камбовски, е според кој член од законот одговараа организаторите на бојкотот во 2004та година, кога СДСМ имаше масовна кампања под мотото „Некои прашања не заслужуваат одговор“ и успеаа да ја протуркаат територијалната прераспределба која беше фатална за Кичево и Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This