Според 3aeв, Југocлавија била винoвнa за лoшитe односи со Бугарија, сме имале и заедничка историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние немаме споделена историја. Имаме заедничка историја.

Ова во интервју за агенцијата БГНЕС го изјави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, пренесуваат бугарските медиуми.

Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија и Одринско. Наследивме време, кое не беше во полза на пријателството меѓу нас. Југославија нè делеше. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме иднина. Треба да создадеме позитивна атмосфера меѓу младите луѓе за да го искористат тоа минато како отскочна штица за подобра иднина во периодот, што ни претстои, вели Заев.

За него Бугарија не фашизам, туку Бугарија е наш пријател.

Новите поколенија не ја знаат целата таа реалност, а таа треба да не сплотува. И во Македонија и во Бугарија тоа влијае врз луѓето на еден многу погрешен начин. Ако некој си дозволува да ја оцрни Бугарија со Пи-Ар објави во светот, ќе сноси одговорност. Тоа нема да го дозволам. Државата не учествува во тоа, тврди премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This