СРАМОТА: Нови возила за Владата, брза помош лепена со салотејп во Кочани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравството е во тотател хаос, цената за негрижата на власта пак неректо ја плаќаат граѓаните со своите животи. Имено на социјалните мрежи се појави фотографија од амбулантно возило во Кочани кое е очигледно во моментот пренесува пациент и е во функција. Проблемот е во тоа што на амбулатното возило му недостасува задната шофершајбна и на нејзино место има ќеса залепена со селотејп. Граѓаните во страв сликата не ја постирале директно на социјалните мрежи туку на еден од агрегаторите за огласи, коментирајќи какви се условите во Кочани.

-Знам дека постот не е за тука ама да види народот какво возило имаме на брзата помош во Кочани, вели граѓанинот.

Да се потсетиме дека  во мај годинава, Владата распиша тендер за набавка на нови луксузни возила, а на него се пријавила само една компанија која е избрана за набавката. Станува збор за 45 возила кои граѓаните ќе ги чинат околу 1,7 милиони евра или секое возило чини околу 40 илјади евра. Станува збор за најлуксузната верзија на возилата на германската марка фолксфаген – пасат со црно метална боја и со затемнети стакла. Возилата имаат кожен волан што возачот ќе може да го управува со глас. Возилата стартуваат без клуч и самите ќе реагираат ако возачот е премногу уморен. Исто така и функционерот кој ќе седи на задното седиште ќе има посебен сензор за прилагодување на климата додека седиштето ќе се прилагодува на телото на патникот со што ќе гарантира целосна удобност. Власта нема пари за нови амбулантни возила, но има за лукузни возила кои ќе ги превезуваат државните и партиските функционери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This