СРБИНОТ ЖИВАЛЕВИЌ, А ФРАНЦУЗИНОТ ТИМОНИЕ: Што правеше и зошто никој не зборува за присуството на францускиот амбасадор на 27 април!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ на 22 август 2017 година за РТС, повторно го отвори прашањето за Горан Живаљевиќ во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година.


Колку за потсетување, Горан Живаљевиќ беше советник во српската Амбасада во Македонија и офицер на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА). Медиумите објавија дека бил затекнат во Собранието на Република Македонија за време на настаните на 27 април 2017 година.
Повеќе шпекулации го врзуваа името на Горан Живаљевиќ за некаква српско-руска врска во обид за дестабилизација на Македонија со цел избор на Влада со про-руска ориентација, наместо актуелната про-американска марионетска.
Според српскиот претседател Александар Вучиќ, Горан Живаљевиќ не влегол во Собранието на своја рака и без знаење на македонските власти.
“Живаљевиќ не бил во Собранието на своја рака и без знаење на македонските власти. Не ме праша мене… Ги прашал највисоките претставници на извршната власт на Македонија, директно прашал и им кажал дека сака да биде таму, прашал дали имаат нешто против. И тие се согласиле. Биле запознати со неговото присуство во Собранието. Тоа после е искористено само да се создаде кампања против Србија, Србија да се врзе со игрите на големите сили, иако нема врска со тоа… Потоа тргна хајката… дека господинот Живаљевиќ е човек одговорен за случувањата во Собранието, дека работел за руските служби… Им беше премногу да кажат дека само Русите посветуваат толкаво внимание, па решија да ги вовлечат тие кои немаат никакви територијални или било какви претензии и со тоа да добијат пофалби од некои воени сојузи и сестрински агенции. Најлесно им беше за такво нешто вината да ја префрлат на Србија, бидејќи таа нема никакви територијални претензии кон Макаедонија, ниту има со Македонија било какви проблеми. На лидерската средба на Брдо кај Крањ, бев замолен, Живаљевиќ да биде повлечен од Македонија. Си реков себеси ‘Во ред, било што било, ќе му објасниме на Живаљевиќ’… Го повлековме и молчевме… Но, на тој потег на Белград почнаа приказните дека Србија е виновна штом го повлече тој човек од Македонија. Притисокот врз Србија после неговото повлекување, се засили. Настаните кои уследија, беа обид да се создаде една поголема политичка приказна“, – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ…


Очигледно дека во прашање се поголеми игри.
Но, кога сме веќе до Горан Живаљевиќ, интересно е да се спомене дека во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, заедно со народот беше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние со неговиот преведувач. Ако е до прашањето, што барал советникот на српската Амбасада во Македонија Горан Живаљевиќ во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, се поставува и прашањето, а што барал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние со неговиот преведувач во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година? Веројатно и други, од други амбасади и служби… Чие сценарио одработуваше Тимоние во Собранието?
Или уште поважно, што правеше Агенцијата за разузнување на Република Македонија на 27 април 2017 година, дали нејзините луѓе биле во Собранието, дали имаат инфорации кои странци биле во Собранието и што таму воопшто се случувало? Изгледа сите работат за себе, само нашите за сите а против народот…


Ако не сме во стандардот како Швајцарија на Балканот, барем според присуството на странските разузнувачки служби во институциите на власта одамна сме како Швајцарско сирење… дупка до дупка… Многу земаат пари во Македонија од Македонија, ама за кого работат, само Господ знае и службите, нивните ментори…
После се’ и покрај се’, најважното: Кој го втурна народот кој три месеци протестираше по улиците за демократија и за спас на Македонија, во колатерална штета? На крајот сите испраа раце. Поентата беше легитимација на новото парламентарно мнозинство и изборот на Талат Џафери, подоцна и на Зоран Заев, некои спасија име и капитал само прашање е до кога, но не и честа и образот, ама народот заврши во Шутка и Идризово. Затоа и барањето за аболиција на инволвираните во настаните од 27 април 2017 година, бидејќи беа жртви на интересите и на власта и на опозицијата, секако и на Калето… Препознатлив е епилогот: Кога ќе биде финалето, сите да се одвратат од помислата за протест на улица во отпорот против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што никој никому ништо нема да верува… Допрва ќе се одмотува клопчето… Следи долга жешка есен…
Македонија е во прашање…

 

Пишува
Тодор Петров

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This