Мирни се вечерашните протести во Белград.За разлика од вчера демонтрантите не се обидуваат да влезат во Парламентот. Само повремено палат по некоја бакља и го слушаат говорот на попот Григорије. Полицијата е помалку присутна на околните улици.
Српските власти пак се убедени дека зад протестите стојат странски служби откако беа уапcени дестина лица со пасоши на Украина, Киргистан, Израел и Велика Британија.
Покрај Белград, мирни протести вечерва се одржаа и во Нови Сад, Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац.
Демонстрантите си заминуваат од пред српското Собрание