March 28, 2024, 11:09 am

СТАТИСТКА: Намален бројот на paзводи, но и на склучени бракови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Намален е бројот на склучени, но и на oaзведен бракови, покажува статистиката. Минатата година се склучени 13.494 брака или 2,1 отсто помалку од 2017-та, а бројот на разводи достигнал 1.620 што е намалување од 18,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, најмногу бракови, 1.665 или 12,3 отсто се склучени во август, а најмалку, 738 или 5,5 отсто во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со 93 проценти учество на жените и 91,8 отсто на мажите. Во втор брак со учество од 7,7 отсто и во трет брак со учество од 0,5 проценти од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32,9 отсто. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4.999 или 37 проценти се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26,9 години за невестата и 29,6 години за младоженецот.

Минатат година најмалку бракови, 63 или 3,9 отсто, се разведени во август, а најмногу, 172 или 10,6 проценти во декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This