СТЕВАНА КУЗМАНОВСКА СЕ РАСПЛАКА ПРЕД КАМЕРАТА НА „ИНФОМАКС“: Нападнатата наставничка со потресно сведоштво за однесувањето на градоначалникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевана Кузмановска се расплака пред камерата на „Инфомакс“ додека објаснуваше како ја нападнал градоначалникот, и како директорката која според неа имала хистерични напади ја малтретирала поради банални причини како барање на документ

 

Потресно е сведоштвото на Стевана Кузмановска која вчера била нападната од градоначалникот на Зелениково, откако побарала средба со него во врска со однесувањето на директорката на училиштето во Орешани каде што и работи.

Како што вели Кузмановска, таа два пати гласала за градоначалникот а на последните избори гласале и нејзините деца. Како што вели, градоначалникот се однесувал добро, бил добар човек додека бил кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но не знае што се случило сега.

Низ солзи објаснува дека таа е оставена сама на себе, со своите две ќерки, па прашува дали поради тоа што таа нема никој да ја заштити како и градоначалникот и директорката е подложна на малтретирање, закани, притосоци, а на крајот и натепана од оној кој треба да работи во нејзин и интерес на граѓаните.

Случајот е пријавен во полиција, направен е записник, а Стевана има и лекарско уверение за повредите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This