Стево Пендаровски: “Hиштo нe ce пoмpднaлo oд мecтo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Телма, “Топ Тема” гостуваше претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски каде што во однос на спорот со Бугарија изјави дека:

– “Вчера баш имав еден подолг интересен разговор со господинот Стојан Андов кој побара да ме види во мојот кабинет иако тешко се движи на 84 години. Му благодарам за тоа што дојде да ми каже некои негови согледувања за Македонско-Бугарскиот спор. Слушајќи го, нема да верувате, се што кажуваше, а неговите искуства до сега а и во поранешна Југославија од пред 50-60 години се практично идентичните формулации, ставови, аргументи кои доаѓаат од Бугарската страна и истите тие ставови кои сме ги имале и ние во тоа време”.
– “Се потсетив на една мала книшка која малкумина од младите ја знаат. Таа книшка кај нас е публикувана пред незнам колку години, во која се сместени стенограми, практично од разговорите меѓу тогашниот комунистичкиот врв на тогашната Македонија, екипата предводена од Крсте Црвенковски каде во Софија разговараат со врвот на Бугарската комунистичка партија, и ако занемарите на насловната страница, годината ја пишува кога е тоа печатено, мислите дека разговараме на истата тема за Македонското прашање во 2020 година. Ништо не се помрднало од место” – Тврди Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This