СТЕЧАЈЦИТЕ ОСТАНАА СО ПРСТОТ ВО УСТА: Нема ништо од ветените вработувања и оштети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот закон што го донесе СДСМ за стечајците доживеа вистинска катастрофа. Од 1600 стечајци колку што ги има во Агенцијата за вработување, а се од Куманово, само 54 од нив добиле решенија за надомест.

Новиот закон предвидуваше невработените лица од матичната приватизација која се случи токму во времето на СДСМ да бидат материјално обезбедени, но тоа се покажа како уште една голема лага на оваа власт. Дури и лидерката на стечајците и голем подржувач на СДСМ, Лилјана Георгиевски која воедно е координатор од сите градови, остана изиграна со ова законско решение. Таа во изјава за порталот „Сакам да кажам“ вели дека укажувања кои ги имало здружението на стечајци, не биле прифатени од Министерството за труд и социјална политика.

-И покрај нашите сугерирања дека во Куманово повторно ќе бидат опфатени многу мал дел на работници, бидејќи ги знаеме состојбите во фирмите, од некои само за нив познати причини, во Министерството за труд и социјална политика не нè послушаа. Се потврди народната дека треба да послуша паталец, а не гаталец. Да се прифатеа нашите укажувања, тогаш немаше да дојде до ова одолговлекувања и караници меѓу стечајците. Стечајците во Куманово поминаа катастрофално, разочарани се и се чувствуваат изиграно, изјави Георгиевска.

Георгиевска додава дека стечајците уште еднаш се изиграни, па дури и има најава дека повторно ќе излезат на улица да си ги побараат нивните права, поради лошата и неодговорна администрација.

Куманово беше еден од градовите со најголема индустрија во Македонија, но СДСМ со матната приватизација го доведе овој град на работ на преживување. Пропаднаа фирми кои вработуваа илјадници граѓани на Куманово како: Водостопанство, ДИ-ЕР, Монопол, ЧИК, ЗИК, Киро Фетак, Полет, Трготекстил, Искра, Лимарско и други.

СДСМ во предизборниот период им ветуваше на стечајците дека нивниот проблем ќе биде решен. Вакво ветување даде сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговите сограѓани од Куманово.

Новата влада е на власт речиси 8 месеци, а решението на проблемот со стечајците не е ни на повидок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This