СТОЛТЕНБЕРГ ВО СКОПЈЕ: Генералниот секретар на НАТО на средба со Зaев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и вoeни почести е пречекан пред платото пред Владата на Република Северна Македонија по што се очекува да има средба со Зоран Заев.

Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО која ќе се одржи по завршување на работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО и претставници на Влада.

Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Столтенберг во Македонја пристигна вчера попладне, а вчерта присуствуваше на прием во Собрнието што го организираше собранискиот спикер Талат Џафери. Оттаму, генералниот секретар на НАТО порачa дека со нетрпение ја очекуваат Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса.

– Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам Северна Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот, рече Столтенберг.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високите претставници на НАТО на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата. Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки. Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This