April 20, 2024, 11:59 am

Стопанcka банка а.д. Битола со голема финансиска помош за ФК „Пелистер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2017 година кога „Пелистер“ го освои Купот во Македонија, Стопанска банка а.д. Битола беше еден од главните поддржувачи и спонзори на тимот.Стопанска банка а.д. Битола на фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Првата македонска лига му донираше 1.500.000 денари. Оваа донација е преку ваучерскиот систем за поддршка на спортот што го одобрува Агенцијата за млади и спорт, а во насока на развој и унапредување на тимот кој остварува одлични резултати во лигата. Во 2017 година кога „Пелистер“ го освои Купот во Македонија, Стопанска банка а.д. Битола беше еден од главните поддржувачи и спонзори на тимот.
– Ни претставува задоволство повторно да оствариме соработка со ФК „Пелистер“ бидејќи успехот кој заеднички го постигнавме во 2017 година е нешто големо и значајно, а ФК „Пелистер“ како тим со огромен потенцијал и многу квалитетни играчи веруваме дека може да го повтори и надмине. Веруваме и во визијата на тимот и во младите перспективни и мотивирани играчи кои знаеме дека ќе направат сѐ за да ја исполнат. Она кое ни е особено драго и кое нѐ поврзува на друг начин со овој тим покрај останатото е и фактот дека се работи за тим со многу долга традиција кој потекнува од градот Битола, исто како и Стопанска банка а.д. Битола. Постоејќи повеќе од 70 години и Стопанска банка а.д. Битола и ФК „Пелистер“ на некој начин претставуваат обележје, симбол на градот – велат од Стопанска банка а.д. Битола.

Стопанска банка а.д. Битола е препознатлива по тоа што многу често поддржува настани, поединци или тимови кои ја афирмираат спортската култура во земјата. Традиционално, во изминатите години банката ги спонзорира Скопскиот маратон и Женската трка, а минатата година беше спонзор и на најпознатиот битолски маратон Трчај бе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This