СТОЈАНОСКА: Сите политички партии се грижат за здравјето на народот, само Заев за датумот за избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствените власти или дел од здравствените лица кои се во Комисијата која кажува каква е ситуацијата, дали може или не да има избори, не работат по Хипократ, туку по диктат на Зоран Заев. Ова е причина плус дека за одлука за датум на избори треба да има поширок консензус, а не да прeceчaт само на пример здравствените власти, рече Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Стојаноска укажа дека бројките говорат за голем број на нoвoзaрaзeни со кoрoнa, како и за пoчинaти. Според неа за да се оди на избори мора да има стабилизирање на ситуацијата, а за да се знае каква е ситуацијата мора да има доволно тестирања.

-ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати да ја дели одговорноста со неодговорни луѓе, со луѓе кои не се грижат за здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ мисли за здравјето на граѓаните. Тоа што СДСМ не се грижи е нивна работа, ние не работиме така, изјави Стојаноска.

Таа смета дека власта глуми дека е добро.
-Нашиот принцип е јасен, приоритет е здравјето на народот, макар и по цена да не одиме на избори. Како можеш да се радуваш на победа во која ќе е зaгрoзeнo здравјето на гласачот, праша Стојаноска.

Според неа тоа што СДСМ вели дека ако нема договор ќе се оди на избори на 21 јуни зошто правните норми и Уставот велат така, е смешно и нереално.

-Кој зборува за почитување на Уставот? Кој зборува за вољата на граѓаните? Зоран Заев и СДСМ, па токму Заев и СДСМ го газат Уставот и вољата на народот, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека е јасно оти сите се загрижени за здравјето на граѓаните освен Заев.
-Тоа се гледа од изјавите на лидерите на сите политички партии по средбата кај Пендаровски. Сите зборуваа за здравјето на граѓаните, освен Заев кој зборува само за датум за избори. Да се грижеа од СДСМ за здравјето на граѓаните немаше да зборуваат за датум за избори на 21 јуни, рече Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This