СТРАНЦИТЕ ДОЗВОЛУВААТ САМО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Францускиот амбасадор Тимоние изјави дека на Македонија не и се потребни предвремени парламентарни заедно со претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние денеска по завршувањето на свеченото затворање на обуката „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело“ одговарајќи на новинарско прашање не даде јасен одговор дали смета дека на Македонија и се потребни предвремени избори сега, заедно со претседателските.

Но, сепак тој напомена дека најважно за земјава во моментов е успешно да ги спроведе претседателските избори, оти според начинот на кој тоа ќе го стори ќе се цени и нејзиното натамошно интегрирање во ЕУ.

Предвремените избори не се тема на денешниот настан, предвремените избори не придонесуваат и немаат улога во развојот на цивилната заштита. Јас сметам дека работите треба да се остават да се одвиваат според својот тек. Има поважни теми од оваа што вие денеска ја начнавте, но најважно во моментот е успешно да се спроведат претседателските избори, а начинот на кој ќе се спроведат ќе биде еден чекор поблиску до вашето приклучување во ЕУ, истакна Тимоние одговарајќи на новинарско прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This