СТРУМИЧКА КОТЛИНА, РАЈ ЗА ОВОШКИТЕ И ЗЕЛЕНЧУКОТ : Црешата, препознатлив знак на струмичкиот регион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струмичката котлина е рајот за македонското земјоделието. Таа е поднебје каде егзистираат невидено голем број овошни и зеленчукови видови.

Овде голем дел од населението својата егзистенција ја темели на гранката земјоделие и навистина голем дел од тие земјоделци се невидени виртуози за производство на најразлични видови овошни и растителни видови.

Еден таков пример за струмичката овошна разновидност е атарот на селата Вељуса, Водоча и Седларци, местоположба која заслепува со својата цветна разнобојност во пролетниот период, а место каде во текот на летните и есенски месеци можеме да пробаме се почнувјќи од црешата која почнува да зрее на почетокот на мај па завршувајќи до јаболката, т.е. јапонската јаболка до доцниот есенски период.

Населението во овој дел не се срами да го покаже резултатот на својот труд искомбиниран со дарежливоста на струмичката клима.

Таков пример за дарежливоста и она што може природата во Струмица да го направи се објавите на Томе и Митко од село Вељуса, објави на кои можеме да го видиме блесокот на струмичката црешка, еден од најубавите и најслатки овошни видови.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This