СУДИР ПОМЕЃУ ПАЛЕСТИНЦИТЕ И ИЗРАЕЛЦИТЕ: Неколку мртви, стотици повредени во судирите помеѓу ИДФ и Палестинците на протестот наречен “Големото враќање”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку седум лица загинаа, а околу 500 други се повредени за време на судирите помеѓу палестинските демонстранти и израелските војници долж границата на Појасот Газа и Израел, според извештаите на медиумите.


Палестинското Министерство за здравство ги објави жртвите откако стотици демонстранти протестираа попладнево. Војниците на ИДФ отвориле оган со бојна муниција, челични пелети и солзавец на демонстрантите за време на насилството.

Илјадници луѓе се собраа по должината на границата за шестнеделен протест “Големото враќање”. Масовните демонстрации започнаа дене кога Палестинците одржаа масовни собири за да го одбележат Денот на Земјата, во кој се означени убиствата на шест невооружени цивили од страна на израелските сили во 1976 година.

Хамас рече дека дури 100.000 Палестинци ќе учествуваат на масовните демонстрации. Протестите се совпаѓаат со еднонеделниот еврејски празник Пасха, кој редовно води до зголемени тензии во веќе нестабилниот регион.

Шестнеделните демонстрации бараат право на враќање на палестинските бегалци во она што сега е Израел. Протестите ќе кулминираат во мај, кога Израел ја слави 70-тата годишнина од својата независност, која Палестинците го нарекуваат Накба (кастастроф) ден.

Голем број шатори се поставени од палестински активисти, поддржани од фракциите на Фатах и Хамас, на пет локации долж границата. Тие имаат медицински објекти, медиумски зони, преносни тоалети, вода за пиење и електрична енергија.

“Ние распоредивме повеќе од 100 војници, кои доѓаат од сите воени единици, првенствено од специјалните сили”, рече началникот на Генералштабот Гади Аисенкот. “Ако животи се доведени во опасност, постои дозвола да се отвори оган.”

Официјален претставник на Хамас предупреди дека ќе има реакција на какви било израелски провокации. “Ние не сакаме да видиме крвопролевање. Само мирен протест”, вели тој, предупредувајќи дека “ако има израелски провокации и ако Израел намерно им наштети на демонстрантите или на нашиот народ, ќе има жесток одговор”.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This