СУДИЈКАТА АРНАУДОВСКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По откривањето на таен државен документ, судијката си поднела оставка од функцијата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијка од Основниот суд Скопје 1 Скопје се соочува со затворска казна од 10 години доколку во образложение на одлука за одредување мерка притвор за ексминистерот Миле Јанакиевски открила таен државен документ.

На порталот на Основниот суд во Скопје, на денешната седница е констатирана оставката на судијката Анета Арнаудовска, која неофицијално е одговорна за откривање на тајниот државен документ.

 


Во решението за притвор се цитира белешка која е класифицирана како „СД“ (строго доверливо), а не е декласифицирана.

За делото оддавање државна тајна е пропишана затворска казна и до 10 години.

Според законот за класифицирани информации неовластеното откривање на државна тајна законски се санкционира со долгогодишна робија а за слично дело пред неколку години во затвор заврши новинарот Кежовски.

За да се расчистат сите дилеми и сомнежи сега експерти сугерираат Собраниската комисија за надзор врз работата на УБК веднаш да изврши контрола и увид во белешките со назнака Строго Доверливо за да се утврди дали има злоупотреба на методите во водење на извори или употреба на технички средства за следење на комуникации.

Според членовите 8 и 17 од Законот за класифицирани информации судијата направил сериозен пропуст во обид да одобри притвор за Јанакиевски.

Член 8

Класифицираната информација со степен “ДРЖАВНА ТАЈНА” е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија.

Класифицираната информација со степен “СТРОГО ДОВЕРЛИВО” е информација создадена од државните органи, органи на единиците на локална самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија.

Класифицираната информација со степен “ДОВЕРЛИВО” е информација создадена од државните органи, органи на единиците на локална самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало сериозна штета за важните интереси на Република Македонија.

Класифицираната информација со степен “ИНТЕРНО” е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија.

Член 17

Со декласификацијата се врши промена од класифицирана информација во информација до која се има слободен пристап. Декласификацијата од став 1 на овој член ја врши создавачот на информацијата за што ги известува корисниците на информацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This