СУДОТ Е ЗАРОБЕН, А СЈО Е ИСПОЛНУВА ПОЛИТИЧКИ НАРАЧКИ: ВМРО-ДПМНЕ реагира на партизираноста на судството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев. Цената на послушноста ја откри самиот Заев, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Шефот за човечки ресурси во Основен суд Скопје 1, кој е и десна рака на претседателот на судот Иван Џолев, Горан Стаменковски е назначен за советник на Заев. Ќе зема пари кабинетот на премиерот за да биде линк помеѓу Заев и Џолев. Изгледа да не беше доволно тоа што претседателот на судот стоеше во став мирно пред Заев кој е обвинет за тежок криминал и му се суди во кривичниот суд. Цената на политичко монтирано обвинение и политичко мотивирано барање за притвор или одземање патна исправа е предлогот сестрата на Катица Јанева за заменик претседател на комисијата за хартии од вредност. Со ваквата одлука се става под сериозен сомнеж независноста на оваа институција. Државата е заробена поради интересите на картелот. Институциите се користат за враќање на долговите на Зоран Заев кон поединци и групи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение обвинуваат дека Заев ја држи државата во грч.

-Непотизмот и вработувањето по партиски клуч се начинот на кој функционира картелот. Веднаш по доаѓањето на власт видовме како градоначалниците на Битола, Неготино и Берово си ги вработија своите сопружници. АД ЕЛЕМ го претворија во место за згрижување на децата на функционерите, на државна плата во ова претпријатие картелот ги вдоми децата на Мирослав Грчев и Талат Џафери, како и сопругот на Магдалена Несторовска. Функција доби и синот ма Љубомир Фрчкоски, кој беше именуван за раководител во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор. Зарем ова е професионализацијата која ја ветуваше СДСМ? Ова не е професионализација ова е непотизам и партизација. Ова безредие мора да запре. Граѓаните заслужуваат подобро, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This