Сyдијkата Неделкова поднесе kpивична пријaва за тројца од cyдскиот совет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во скопското Јавно обвинителство, во текот на вчерашниот ден, е поднесена кривична пријава која се однесува на актуелниот претсдател на Судскиот совет, Киро Здравев, и членовите на тоа тело, судијките Гордана Спиреска и Весна Дамева. Како подносител на пријавата се јавува поранешната претседателка на скопскиот кривичен и на Врховниот суд, судијката Лидија Неделкова, кој можеби само формално ги обвинува споменатите дека сториле злоупотреба на своите службени овластувања, но дека реално, ја искористиле нивната службена позиција за издејствуваат постапка за нејзино евентуално разрешување, пренесе Правосудство.

Имено, Неделкова, која на пошироката домашна јавност и стана позната по судирот со некогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Ванглеловски, односно по нејзината иницијатива за негово повикување на одговорност во работата, сега е во ситуација да мора да се брани од Судскиот совет и тоа токму по поднесениот предлог за поведување постапка, кој, пак, против неа, уште на први април 2019 година, го достави Вангеловски. Овој случај можеби и немаше да дојде до кривично пријавување, доколку се останеше на заклучоците кои беа донесени кон крајот на минатиот август, кога беше донесена предлог-одлука за запирање на постапката против судијката Лидија Неделкова.

Но, проблем ќе настане кога на седница на Судскиот совет, одржана минатиот октомври, предлогот не бил прифатен, а без потребен број на гласови од членовите на Судскиот совет, тој ќе биде вратен на доработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This