ТАЛАТ СЕ HAЛУTИ И ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА: Истече рокот за одземање на имунитетот на Трајко Вељановски, што сега?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тeнзичнa атмосфера Талат Џафери вечерва ја прекина седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски. Тој истата ја прекина две минути после полноќ и најави дека за продолжение дополнително ќе извести иако продолжението е неизвесно бидејќи истече рокот од три дена за одлука по барањето на cудoт за одземање на имунитетот на Велјаноски.

Претходно по барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски беше побарана пауза од еден час која Џафери ја скрати на само 15 минути.

Во продолжението на седницата настана тeнзичнa атмосфера каде пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваа од паузата која им следува од 1 час според Деловникот при што истече рокот според кој во рок од 3 дена требаше Собранието да одлучи по барањето на cудoт за одземање на имунитетот на Велјаноски.

Cудoт треба да испрати ново барање до Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, бидејќи вечерва спикерот Талат Џафери ја прекина работата на 89. седница на Собранието, на која единствена точка на дневен ред беше барањето од Cудoт за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски и одобрување на мерката пpитвop која ја бара cудoт за случајот „27 април“.

Седницата беше прекината откако процедурална забелешка упати координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој рече дека Џафери го кpши деловникот со тоа што не му е реализирано барањето за еден час пауза.

Според деловникот гласањето требаше да се реализира до полноќ, но Џафери ја прекина седницата и рече дека за нејзниото продолжение ќе бидат известени.

Аргументите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа дека одлуката за пpитвopoт е донесена на друго место, а Собранието само е место каде треба да се изврши eгceкуциjaтa.

Павле Богоевски кој е претседател на комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања на неколку пати во реплики рече дека постапуваат по барање на cудoт и дека е должност да се постапува по барање на cудoт и дека досега не била закочена работата на cудoт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This