Талибанците прогласија формирање на Исламски Емират Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците го прогласија создавањето на Исламски Емират Авганистан, четири дена по нивното заземање на Кабул и 102 години откако Британија се откажа од владеењето со земјата.

Во објава на Твитер денеска Забиула Муџахид, официјалниот портпарол на талибанците, го објави создавањето нова држава, Исламскиот Емират Авганистан. Портпаролот сподели и слика, на која се чини дека знамето на емиратот е комбинирано со неговиот грб.

Прогласувањето се случува помалку од една недела по падот на главниот град на земјата, Кабул, во рацете на исламистичката милитантна група.

Муџахид, исто така, изјави дека основањето на Исламскиот Емират Авганистан се случува 102 години откако Велика Британија се откажа од контролата над земјата. 19 август се слави како национален празник во Авганистан, во спомен на неговата независност од колонијалистичката суперсила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This