Тасевски pacпaли: Ce cлaви вakцинaциjaтa, a вakцини ycтвapи, yштe нeмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во државава некако сè е во духот на победата над короната, коментира актерот Сашо Тасевски додавајќи дека се слави вакцинацијата, а вакцини всушност, уште нема.

Имаме план за вакцинација.

Имаме сајт за вакцинација.

Имаме желба за вакцинација.

Имаме фрижидер за вакцини.

Имаме пунктови за вакцинација.

Се сними документарен филм со наслов: Кога вакцините стигнаа, сите стивнаа.

Се сними и игран филм: Вакцинирај ме нежно.

Се отвори и градинка со име: Вакцинирани пчелки.

Направен е ремикс на две песни од Тоше: Вакцини без граници и Вакцина во твоите руси коси.

Сменета е химната во: Денес во Северна се вакцинира….

Булеварот Партизански одреди од вчера се преименува во Булевар на вакцинираните херои.

Стадионот е преименуван во Арена Ревакацина Втора.

Споменикот на плоштадот е преименуван во Вакцинираниот воин на коњ.

Се планира вакцинација и на коњот.

Се бараат пратеници да гласаат за промена на уставот за пак да се смени името на државата во Вакцинирана.

Севернокинеска Астразанека Република Фајзер Македонија.

Во државава некако се е во духот на победата над короната. Се слави вакцинацијата, а вакцини уствари, уште нема, коментира во свој стил Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This