March 28, 2024, 10:13 pm

Таткото до својата ќерка: Биди ми поддршка, помогни ми да го завршам своето патување со љубов и трпение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште не сум остарен, но кога ќе ме видиш драга ќерко, те молам биди трпелива со мене и пробај да ме разбереш.

Ако се извалкам за време на ручекот или ако не можам сам да се облечам, те молам биди трпелива.

Сети се на часовите кои ги потрошив за да те научам тебе на тоа. И ако во разговорот постојано повторувам некои работи, можеби нема да се сетиш, но сакам да знаеш колку ти ги повторуваше истите реченици како малечка. Те молам немој да ме прекинуваш, морав истата приказна долго да ти ја читам со часови, додека не потонеш во сон.

Ако нема да сакам да се капам, те молам немој да ме навредуваш. Сети се како морав да те барам низ маалото и да измислувам милион работи за да те натерам да се прибереш дома и да влезеш во кадата. Кога ќе те изнервира моето непознавање на новите технологии, те молам сети се како те научив на сите работи кои ги знаеш денеска. Правилно да седиш, правилно да јадеш и зборуваш, и да се соочиш со сите нови работи во животот.

Ако некогаш во разговорот се изгубам или постојано го повторувам истото, дај ми малку време за да се присетам, да дојдам до себе и немој да се вознемируваш. Не ми е најважната работа на светот овој разговор, туку тоа што сум со тебе.

Ако не јадам колку што ти мислиш дека треба, сети се дека сум возрасна личност. Самиот знам колку ми е потребно. Кога ќе ми се уморат нозете, помогни ми да одам. Исто како што и јас правев за тебе кога учеше да одиш, или да возиш велосипед.

Еден ден ќе сфатиш дека и покрај сите грешка, низ овој живот не сакав ништо освен ти да го добиеш и имаш најдоброто.

Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и да ми помогнеш. Не го губи така лесно трпението. Биди ми поддршка, помогни ми да го завршам своето патување со љубов и трпение.

Те сакам највеќе на светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This