ТАТКОТО НА ФИЛИПЧЕ ИМАЛ KAPДИОЛОШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Илија Филипче се oпepирал во приватна бoлницa, но имал верба во јавното здравство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илија Филипче, таткото на министерот за здравство Венко Филипче, пред две недели бил на интервенција во една приватна бoлницa, односно му била извршена кapдиoлошка интервенција за ставање стент. На прашањето дали министерот за здравство верува во јавното здравство и зошто неговиот татко, кој и самиот претходно беше министер за здравство, избрал да се лекува во приватна бoлницa, Филипче вели дека апсолутно верува во јавното здравство, но дека во случајот станува збор за правото на пациентот да си избере лекар во кој има доверба, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Апсолутно верувам во капацитетот на нашето јавно здравство, кое има врвни експерти во сите специјалности, така и во кардиологијата. Мојот татко беше на интервенција во приватна бoлницa бидејќи и претходно таму се лекуваше. Таму е неговиот доктор, кој со години му ја следи состојбата, најдобро му ги познава крвните садови и претходно му има вградено три стента. Овде не станува збор за тоа дека не верувам во капацитетот на јавните здравствени установи и лекарите кои таму работат, туку станува збор за право на пациентот на избор на лекар, односно да се лекува кај оној во кој има доверба, вели Филипче.

Министерот вели дека прават сè за да ја вратат довербата на граѓаните во јавното здравство, од каде со години заминувале врвни експерти не само во приватните бoлници, туку и во странство.

Ова не е првпат функционери, јавни личности или членови на нивните семејства да користат здравствени услуги во приватни бoлници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This