Веста дека најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е позитивен на вирусот Ковид 19 го здрма светскиот спорт.
Иницијативата на Новак Ѓоковиќ во Белград и Задар минатите два викенда за организирање на хуманитарен турнир”Adria tour” не заврши добро. На турнирот учествуваа најголемите ѕвезди на тенисот во светот. Бугарскиот тенисер Григор Димитров учествуваше и на двата турнира и во Белград и во Задар, но по турнирот во Задар се повлече бидејќи не се чувствуваше добро. Си замина во Монако и на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Корона вирусот, па турнирот истиот момент беше прекинат, Голем број на учесниците итно отидоа на тестирање во Задар, а Новак одлучи да се врати во Белград и таму да направи тест за коронавирусот.
Срѓан Ѓоковиќ, татко на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, го впери прстот на Димитров. Срѓан смета дека Бугаринот со своето однесување и нанесе голема штета на Србија и Хрватска.
“Зошто се случи ова? Затоа што човекот веројатно дошол болен, кој знае од каде. Не се тестираше, се тестираше на некое друго место…Мислам дека тоа не е во ред. Добро, што да се прави… Нанесе голема штета и на нас како семејство и на Хрватска и на Србија, налутено изјавува Срѓан.
Срѓан не ја крие загриженоста за синот, истакнува дека тој е физички добро, но психички….
“На никој не му е добро, па ни на него…На никој не му е добро поради оваа ситуација. Секако дека не се чувствува добро, но што да се прави, ситуацијата е таква каква што е. Од ова мораме да излеземе посилни, да сватиме дека ова мора да помине. да се заштитиме сите на некој начин, “ открива за РТС таткото на Ѓоковиќ.
Од учесниците на турнирот во задар до сега покрај Димитров и Ѓоковиќ заразени се и хрватскиот тенисер Борна Ќориќ, тренерот на бугарскиот тенисер Кристијан Грох, кондициониот тренер на Ѓоковиќ Марко Паники.
Kurir sport/RTL