Тајното оружје на Bugatti- Повторно уништувач на рекорди?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред само неколку недели видовме како SSC Тuatara направи Гинисов рекорд од 532 километри на час. Bugatti не одолеаа да не го покажат нивното тајно оружје во потрага по најбрз хипер автомобил.

А како, кога се на постојан удар на конкурентите кои секојдневно вадат модели посилни од 1700 коњи?Последниот пример на хипер автомобили што ќе излезе од замокот во Мулуз, а ќе биде наменет, барем сега како стојат плановите, само за возење на патека има едноставно име Bugatti Bolide.

Тој е претставен како технолошки концепт бидејќи со него радикално ќе ја намли тежината на каросеријата околу иконскиот осум литрен W16 мотор кој располага со четири турбо полначи. Комбинацијата на 1.850 коњи со целосна тежина на возилото од само 1.240 килограми ќе даде извонреден сооднос на тежина и сила на моторот од само 0,67 килограми по коњска сила!

Тоа го прави најекстремен , бескомпромисен најбрз и најлесен комцепт во историјата на компанијата. Неговата максимална брзина надминува 500 км/ч што е побрзо и од болидите од формула1, а легендарната Нордшлајфе на Нурбургринг (долга 22 километри) ја помина за само 5:23,1 минути!

Осум литрениот W16 мотор развива подеднакво сила и вртежен момент. И двете вредности се 1.850 развиени за користење исклучиво на тркачка патека. Моторот и менувачот се оптимизирани за високи оптоварувања.

Вградени се нови турбо полначи чии лопатки се димензионирани да произведат поголем притисок и сила при големи брзини на моторот. Понатаму нема да навлегуваме во техничките податоци. Доволно е да се каже дека главниот инженер Франк Готцке става трет потпис на еден Bugatti, веднаш по Veyron 16.4 и по Chiron. Него му требаа само осум месеци да створи сосема нов модел околу познатата основа со W16 мотор и погон на сите тркала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This