April 20, 2024, 11:30 am

Температурите паѓаат, утрово -18: Еве кој е најстуден град во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најниски температура утринава сее измерена во Берово – 18 степени целзиусови, потоа во Скопје и Маврово – 12,  во Куманово -11 и во Лазарополе – 10 степени целзиусови. Највисока температура од 0 степени утрово е измерена во Охрид.

48931

Највисока снежна покривка утрово е измерена во Маврово каде има 79 сантиметри снег, потоа во Лазарополе и Пожаране 55, во Ѓуриште 46, во Крушево 36 сантиметри…

Времето во Македонија е умерено до значително облачно. Во Демир Капија и Пожаране има магла со ограничена хоризонтална видливост, а во Скопската и Струмичката котлина, како и во Пелагинија слаба магла. На места дува слаб ветер од северен правец.

Вмремето денеска ќе биде со сончево во со мала облачност, во претпладневните часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе се задржи под нула.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, претпладне со слаба магла. Максималната температура ќе достигне до -2 степена.

Утре и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени, особено утре кога ќе се спуштат во интервал од -20 до -7 степени. Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This