ТЕНЗИЧНО НА КОСОВО: Ветерани на УЧК му го блокирале патот на Вучиќ, се слуша и пукање од околните ридови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата на Косово за време на вториот ден на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ е напната, пренесуваат српските медиуми. Неколку стотини Албанци го блокирале патот Косовска Митровица – Србица, а во прекин се и интернет врските

Претседателот на Србија по алтернативен пат успеал да пристигне до селото Бање, но тогаш бил запрен од Косовските полициски сили. Во тек е расправа на Вучиќ со полицијата.

Претседателот според најавената програма требало да се обрати пред Србите од Косово, на собирот во Косовска Митровица, говор во кој ќе ги изнесе околностите, реалната состојба на работите, капацитите и можностите Србија да дојде до компромисно решение, со кое би биле уважени и интересите на Србите и Србија на Косово.

„Гадно се излажале ако мислат дека ќе ме заплашат. Уште посилено сум определен за зачувување на мирот и српските институции и народ на Косово и Метохија“, рекол Вучиќ во Косовска Митровица, по повод веста дека неколку стотина ветерани ја блокирале трасата по која требало да се движи.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин се наоѓа во околината на Дреница, каде требало да помине Вучиќ, а во околната се слуша пукање. Се претпоставува дека пукаат ветераните на УЧК кои се задолжени за блокадата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This