April 20, 2024, 11:55 am

ТЕПАА КОШАРКАРИ И ПОЛИЦАЈЦИ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГИ КАЗНИ: Македонската кошаркарска федерација не го казни „Шкупи“ иако тепаа кошаркари на „Пелистер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесарот за натпреварување на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Владо Цветковски, можеби не сакајќи, воден од делегатскиот извештај, денеска ја донесе најсрамната одлука во историјата на овој спорт кај нас, откако не изрече ама баш никаква казна за инцидентот кој минатиот викенд се случи на средбата Шкупи-Пелистер кога, според МВР, биле нападнати кошаркар и функционер на гостите како и двајца полицајци – пишува порталот Спорт1.мк

 

Според делегатот на средбата, Марјан Тодоровски, „доколку се случило било што, тоа се одвивало по завршен натпревар“, презентирајќи ги работите како воопшто да не бил присутен на инцидентот во кој, повторно според МВР, прво била фрлена петарда кон клупата на Пелистер, од каде што играчите возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода. Потоа навивачите на Шкупи ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од таборот на битолчани. Прашање е дури и да не бил делегатот во салата, иако морал да остане таму додека од паркетот не си замине гостинскиот тим, зошто извештајот на МВР не бил доволен доказ дека имало инцидент кој мора да биде казнет и според актите на МКФ.

Поради ова, прволигашот од Чаир мина само со казна од 5.000 денари за слаба редарска служба и дополнителни 20.000 денари за неспортско навивање, прекршоци кои немаат врска со скандалот кој се случил на крајот.

Целосниот текст на линкот ТУКА!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This