ТЕРОРИСТИТЕ ПРИЗНАА ДЕКА ИМААТ ИСТИ БАРАЊА КАКО И ЗАЕВ: Влегле во Диво Насеље за да „помогнат“ да се имплементира Рамковниот договор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Третообвинетиот во случајот познат како „Дива населба“, Дем Шеху од Косово, рече дека дошол во Македонија за да помогне да се имплементира Охридскиот рамковен договор

kumanovo_po_akcijata2
Третообвинетиот во случајот познат во јавноста како „Дива населба“, Дем Шеху од Косово, призна дека учествувал во нападот на караулата во Гошинце во април 2015 година, неколку дена пред пукањето во Дива населба.

Дем Шеху денеска беше сослушан како сведок предложен од одбраната. Рече дека во Гошинце стигнале ноќта меѓу 20 и 21 април, 2015 година, а акцијата ја водел Бег Ризај, еден од водачите на групата што се смести во Дива населба и кој беше убиен во акцијата. Со нив бил и Валдет Зекај, кој е еден од обвинетите.

kumanovo_po_akcijata

Третообвинетиот во случајот познат во јавноста како „Дива населба“, Дем Шеху од Косово, призна дека учествувал во нападот на караулата во Гошинце во април 2015 година, неколку дена пред пукањето во Дива населба.

Дем Шеху денеска беше сослушан како сведок предложен од одбраната. Рече дека во Гошинце стигнале ноќта меѓу 20 и 21 април, 2015 година, а акцијата ја водел Бег Ризај, еден од водачите на групата што се смести во Дива населба и кој беше убиен во акцијата. Со нив бил и Валдет Зекај, кој е еден од обвинетите.

terorsiti_kumanovo_sud2

По ова, Дем Шеху се вратил на Косово. Во Македонија, со други лица, повторно влегол меѓу 1 и 2 мај 2015 година. Вели дека откако влегле во Македонија, цело време ги надлетувале хеликоптери. Во Дива населба се сместиле во куќата на еден од обвинетите, Фадил Фејзулаи.

И Дем Шеху, како и Сами Укшини, сметал дека долго се задржале на едно место и им предложил на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај да ја напуштат Дива населба, но не го послушале.

– Се боревме за да се спасиме. Не знаевме што се случува – рече Дем Шеху.

Тој рече дека дошле во Македонија за да помогнат да се имплементира Охридскиот рамковен договор, исто како што тврдеа и прво и второобвинетиот Сами Укшини и Анди Красниќи. Во неговата одбрана тој зборуваше за правата на Албанците во Македонија, кои, според него, не се почитуваат. Рече дека револтот и незадоволството кај него и неговите другари настанале денот кога шест Албанци беа осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“.

Дем Шеху лично се познавал и имал контакти со водачите на групата, Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, кои беа убиени во пукањето во Дива населба. Според него, голем дел од министрите и пратениците во македонската Влада и Собрание дошле на тие места благодарение на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај. Тие имале контакти и средби со Шенаси Мехмети, вработен во македонските тајни служби. Заедно со него, според тврдењата на Дем Шеху, тројцата биле и во седиштето на ДУИ во Тетово.

Го спомена и Ејуп Алити, секретар за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој, според Дем Шеху, ги убедувал Мирсад Ндрецај и Бег Ризај да не одат во Македонија.

Во случајот познат како „Дива населба“ на 37 лица им се суди за тероризам за пукањето во Куманово што се случи на 9 мај 2015 година.

Досега сведочеа Сами Укшини, алиас Командант Соколи, кој е првообвинет, и второобвинетиот Муахмед Анди Красниќи, алиас Командант Малишева. Обвинетите се предложени како сведоци од страна на одбраната. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција како сведоци испитуваше полицајци кои биле вклучени во самата акција во Дива населба. Нивните сведочења не беа јавни.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This