Тешко повpeдени две лица во сообраќајна нecреќа кај Радовиш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера на патот Струмица – Радовиш се случила сообраќајка во која двајца се тешко повpeдени. Како што стои во соопштението од МВР:

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријaвено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, на крстосница за с.Василево, се случила сообраќајна нeзгода помеѓу патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „бмв“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од с.Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки.

Во нeзгодата, со тешки телесни повpeди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“, Д.Ѓ.(20) и Г.Д.(19), двајцата од с.Василево, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This