„ТИК-ТОК“ МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Имаме намера да останеме долго во Америка“, рече генералниот директор на „Тик-Ток“ во таа земја, Ванеса Папас и им се заблагодари на американските корисници за нивната поддршка.

Нејзината реакција следеше по извештаите во медиумите дека „Мајкрософт“ преговара за преземање на „Тик-Ток“ и предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп да ја разгледа опцијата за забрана на таа социјална мрежа во Америка.

„Сакам да кажам благодарам на милиони Американци кои користат „Тик-Ток“ секој ден и го даваат својот креативен придонес и радост во нашиот секојдневен живот. „Не планираме да одиме никаде. Ние сме тука долго време“, напиша таа на Твитер-сметката на компанијата.

Друг претставник на компанијата изјави дека оваа мрежа ја користат 100 милиони Американци за забава и комуникација, особено за време на пандемијата на коронавирус. Тој додаде дека податоците за корисниците максимално се безбедни.

Исто така, најголеми инвеститори на компанијата се од Америка.

„Ние се стремиме да ја заштитиме доверливоста на податоците и безбедноста на нашите корисници“, рече претставникот на „Тик-Ток“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД разгледуваат различни мерки против апликацијата, вклучително и нејзината целосна забрана.

„Ние го проучуваме „Тик-ток“. Можеме да го забраниме. Но можеме да направиме некои други работи “, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.

„Имаме неколку варијанти… Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.

Државниот секретар Мајк Помпео не исклучи дека „Тик-ток“ ќе биде забранет во Америка, заедно со некои други кинески социјални мрежи, преку кои личните податоци на корисниците, како што веруваат во САД, можат да стигнат до кинеските власти.

Сподели

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This