ТОПЛOTEН PEKOPД PEГИСТРИРАН НА ПЛAНЕTAТА: Октомври годинава е најтоплиот октомври досега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Октомври годинава е најжешкиот октомври досега регистриран на планетата, соопшти денеска европската Служба за климатски промени Коперникус, истакнувајќи дека се работи за петти последователен месец во кој е регистриран топлотен рекорд или температурите биле многу блиску до највисоки бројки.

 

 

Октомври 2019 година беше 0,63 Целзиусови степени над просечната температура од референтниот период 1981-2000, со што незначително е урнат рекордот од октомври 2015 година за 0,01 степени Целзиусови, но беше 1,2 Целзиусови степени над температурата во прединдустрискиот период.

 

-Ова е петтиот последователен месец во кој се регистрира рекордно висока температура или температура многу блиску до рекордот, соопшти Коперникус.

 

Јуни 2019 година беше најжешкиот јуни досега регистриран, а јули го достигна апсолутниот рекорд на најжешките месец регистриран досега. Август 2019 година беше втор во топлина за месец август, а септември беше на првото место.

 

Последните четири години беа најтоплите досега регистрирани на планетата, а уште во август Светската метеоролошка организација веќе процени дека 2019 година ќе биде меѓу петте најтопли години, што соодветствува со предвидувањата на научниците за влијанието на климатските промени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This