April 20, 2024, 12:16 am

ТОП дестинација за совршен викенд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во падините на Осоговските планини, во специфичниот зелен повој сместено е едно од најубавите македонски села кое изобилува со врвен автентичен амбиент и кој ќе Ве плени уште на првата средба.

Селото Плешенци се наоѓа на само 4 километри од рударскиот град Пробиштип и изобилува со природна убавина која ќе ве остави без здив.

Ако ги прашате околните жители ќе ви кажат дека живеат како во рајот на земјата. Зелените површини, пасиштата, чистиот воздух и средовековните селски куќи на мештаните ќе ви ги доловат остатоците од древните антички градови. Тесните патеки низ рудоносните осоговски планини – најголемите некогашни извори на златото и среброто, ќе ве одведат до многу древни градови и тврдини кои биле издагнати во време на цивилизацијата на кралството Пајонија и кои и ден денес претставуваат богатство за македонската археологија.

Во исто таков амбиент, во селото Плешенци сместен е најубавиот ресторан во овој регион ,,Комитски конак” што со својата архитектура потсетува на старо-ново автентично место налик на средновековниот историски период.

“Комитски конак” може да ги задоволи најразличните вкусови на посетителите, од адреналински варијанти со прекрасни забави до доцните часови во ноќта , до релаксирачки варијанти за посетителите кои сакаат да уживаат со своето семејство.

Старата македонска кујна која ќе ви биде понудена во ресторанот ќе ве воодушеви преку делата на вештите раце на познатите кулинарски мајстори кои потекнуваат од овој регион. Освен капацитет за дневен престој, ресторанот “Комитски конак” располага со сместувачки капацитети за целосно уживање.

Резервирајте и ќе се уверите во убавините на природата, сјајот и автентичноста!

Нема да останете рамнодушни!

Ако еднаш сте биле, ќе посакате реприза!

 

Извор:Јавно.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This