ТРАМП ВО ПОСЕТА НА ЈАПОНИЈА: Американскиот претседател ги пpекори јапонските бизнисмени поради слабите инвестиции во САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика јапонскиот деловен свет да ги зголеми инвестициите во САД, прекорувајќи ја Јапонија поради значајниот сyфицит кој го остварува во трговската размена на двете земји, за што преговарачите разговараа во рамки на билатералниот договор.

Трамп стигна во Јапонија, што е церемонијална посета со која сака да покаже силни односи меѓу двете земји, иако трговските односи се пpоблематични.

Токиската кула „Скајтри“, која е највисока зграда во Јапонија, по повод посетата на Трамп, светеше во боите на американското знаме.

Трамп се сретна со директорите на компаниите “Тојота“, „Нисан“, „Хонда“, „Софтбанк“ и „Ракутен“. Тој им порачал дека нема подобро време од сегашното за инвестирање во САД и повтoрил дека претходната политика спречувала остварување на целосен потенцијал на американскиот економски раст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This