Трамп се заkaни дека ќе ја зaбрани Тик-Ток апликацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите држави разгледуваат различни мерки против апликацијата Тик-Ток, вклучително и нејзината целосна забрана, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Ние го проучуваме„ Тик-ток“ . Ние исто така можеме да го забраниме. И можеме да направиме некои други работи“, им рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.

„Имаме неколку варијанти …“, додаде тој.

Во неговите претходни изјави, државниот секретар на САД, Мајк Помпео не исклучува дека „ Тик-ток“ ќе биде забранет во Америка, заедно со некои други кинески социјални мрежи, преку кои личните податоци на корисниците можат да стигнат до кинеските власти.

Претставниците на апликацијата „Тик-ток“ изјавија дека тие никогаш не пренеле информации во Кина и немаат намера да го сторат тоа.

Тик-Ток е апликација за правење и гледање видеа, припаѓа на кинеската компанија „ByteDance“. Создадена е во 2018 година и е водечка апликација за кратки видеа не само во Кина, туку и во целиот свет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This