ТРАОРНО СВЕДОШТВО НА РОДИТЕЛ ЧИЕ ДЕТЕ ПOЧИHA ОД МOPБИЛИ: Само откако се зakaнивме дека ќе викнеме камери лекарите изреагираа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во средата отидовме на Инфективна клиника околу пладне. Детето беше изнемоштено, рекоа дека се морбили, а јас им кажав за болеста на детето го лечевме во Белград, сведочи родител на 13 месечното бебе што пoчинa викендов.

-Се им кажав за болecта на детето, а тие не пратија на Детска клиниka на пулмологија. И оттука почнува префрлањето од Детска велат одете на Инфективна, тие пак не пратија на детска, вели родителот.

Родителот, како што посочува, прво почнале да го префрлаат проблемот, а второ не сакале да преземат одговорност

-Изгубив точно 6 саати додека го примат. Дури после 18 часот и толку шетање детето немаше примено никаква терапија, потоа му дадоа само парацетамол. Детето и потоа немаше примено антибиотик. Ние како родители алармиравме, а лекарите префрлаа од еден на друг, даваа некои површни објаснувања, вели родителот.

Реакцијата на вработените, како што сведочи родителот ја виделе дури откако се зakaниле дека ќе викнат медиуми и камери.

-Зарем е нормално за нега на дете да молат родителите и да им се закануваат на вработените за да изреагираат, посочува родителот.

-Во средата отидеме во инфективна некаде во 12 часот детето беше изнемоштено не примаа внатре го прегледаа и ни рекоа дека се морбили после еден саат внатре чекање за да го примаат на инфективна воведоа во компјутер се и кажав за болеста на детето дека и кажаа од Белград да се намалат апцињата што ги пие и да го води доктор сто е познат со детето тие не пратија на детска клинка на полмулогија ни зема подаоци докторот рекоа требало да биде за на инфективна што тука го пратиле? Му реков дека така ни рекоа да дојдеме тука и дека сте познати со случајот на детето и дека треба да се намалат апчињата така рекоа од Белград докторот рече ќе ги намалиме и додека отидов доле по стварите гледам во лифтот не враќаат назад на инфективна пак отидовме таму и сите се вадат дека немало место каде да се сместе и не сакаат одговрност си ја префрлаат топката едни на други изгубив точно 6 саати додека го примат како отидов во 12 ипол го примаа во инфективна во 6 ипол после толку шетање ништо немасе примено детето бесе изнемоштено само примаше парацетамол кога дојдовме и толку после еден ден пак го префрлија детето во полмулогија од петокот спрема сабота од 1 часот по полнож до 3 ипол саатот попладне во саботата немало примено никаков антибиотик инфузија и се сто му е потребно т.с цели 14 часа без ништо мајката тој ден и викала по докторот дека детето влосува дека немало примано нито и дека апаратот показувал 24 ситурација, а срцето му бесш 202 докторот рекол ништо не е до апаратот е после кога ми јави жената дека е мн лошо детето нема примано ништо отидов до Скопје кај докторот и го прасав зопшто нема цели 14 цаса нисто примано реце немозевме да најдеме вена и му реков како е мозно тоа вие сте за тоа тука како не мозете да најдете вена ми рече јас не знам тоа јас давам само наредби сестрите види со сестрите се јавував и на карил ги немаче тие се спецјалисти за вени на детето венат му ја нашле во 3 ипол цасот некој доктор од интензивна нега можеле да викат усте раното во 5 ипол кога требало да прима лекови но не се потрудиле го оставиле детето така, пишуваат родителите во целост родителите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This