ТРГОВСКАТА ВОЈНА НА САД СО КИНА ЌЕ ГИ ПОСКАПИ УРЕДИТЕ НА ЕПЛ: Трамп ги притиска Епл да го префрлат производството од Кина во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Apple своето производство да го премести во САД, наместо во Кина, за да ги избегне последиците од трговската војна со Пекинг, пренесува AFP.

Трамп повеќепати повикуваше различни компании да го преселат производството во САД или да го зачуваат таму, истовремено преземајќи агресивни трговски активности насочени кон намалување на трговскиот дефицит на САД.

„Цените на Apple може да се зголемат поради големите давачки кои можеме да ги наметнеме на Кина, но има лесна одлука“, рече Трамп. „Правете производи во САД, наместо во Кина. Започнете со изградба на нови погони сега. Тоа е возбудливо!“, изјаво американскиот претседател.

Сепак повисоките трошоци за плати во САД би можеле да ги компензираат придобивките, кои Apple може да ги добие, ако ги избегнe давачките кои влијаат на произведените производи во Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This