ТРЕТА ЖPTВA НА НАДРИЛЕКАРОТ ОД СРБИЈА: На жена со мeтacтaзи на коските и рекол дека лекарите се дебили и ја лечел со сирова храна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зага Крстиќ од Белград е третата жртва на надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ кој ги „лечеше“ нашиот Славчо Петров и Марјан Батовац од тyмop на мозок и тyмop на панкреас. Двајцата пoчинaa.

На Крстиќ и бил дијагностициран тyмop на црниот дроб и нејзиниот брат со други роднини ја одвел во болница, откако нејзината состојба се влошила додека се придржувала на советите на терапијата на шарлатанот Мирољуб.

Крстиќ дознала дека боледува од тyмop на црниот дроб пред два месеци. Дотогаш немала симптоми, но кога отишла на преглед тyмopoт мeтacтaзиpaл во коските. Роднините решиле да побараат помош од Петровиќ. Откако го контактирале, му ги испратиле и резултатите. Им одговорил дека лекарите се дебили и препорачал да ги купат неговите тревки.

Истата порака тој им ја има пратено и на Петров и на Батовац, кои ја загубија битката со pakoт следејќи ги неговите упатства.

Ако немате пари за сите билки, земете чај за детоксикација имуно плус, црева, црн дроб…Ако одите на лекар, тие ќе ве навлечат на штетни лекови и терапии. Доволно е да направите анализа на крвта еднаш месечно им напишал надрилекарот во пораката.

Семејството на Тања решило да ги нарача билките од Петровиќ со цел да ја спасат жената. Освен првата порака, лечењето понатаму се одвивало по телефонски пат. Тој им објаснувал од каде да ги купат билките и чаевите за да се излечи paкoт на коски. Надрилекарот гарантирал 100 отсто оздравување.

Три недели жената се „лечела“ со сокови, чаеви и билки по упатство на Петровиќ, нејзината состојба се повеќе се влошила. Почнала да одбива секаква храна, не можела да пие ниту вода. Повраќала kpв и имала црна столица. Кога го контактирале надрилекарот тој им рекол: Па што чекате, водете ја во болница!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This