Трите специјални летала за гасење пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година, изјави директорот на ДЗС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трите ертрактори или специјалните летала за гасење пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година. Утре очекуваме да се сретнеме со операторите, а до петок да постигнеме договор со некој од нив, за да се изврши сервисот, изјави за НоваТВ вечерва, директорот на Дирекцијата за спасување Беким Максути.

На прашањето на НоваТВ, зошто се изгубило толку време за избор на некој од шесте оператори колку што се вкупно во Европа, за сервисирање на овие летала, Максути изјави дека забавеноста се должи на тоа што некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40% па истата стигнала до околу милион евра за трите ертрактори.

Сето ова како и жалбената постапка но и организирањето на јавната набавка, го одолговлечија процесот, вели Максути.

ДЗС вечерва во Кочани испратила 25 луѓе а утре очекуваат овој број да се зголеми на околу 300, истовремено Максути информира дека се мобилизирале луѓе од Гостивар, Тетово и Скопје и утре рано ќе заминеле за Кочани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This