Три години не им чини времето: Опacниот oтпaд од Охис ќе бил изнeceн од државата кога ќе дозвoлaт временските ycлови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Винил хлорид мономерот од поранешната фабрика Охис ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови потребни за безбедна работа со оваа хемикалија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Во врска со дезинформациите кои деновиве се шират по социјалинте мрежи за опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика Охис, Министерството за животна средина и простоено планирање ја информира јавноста дека таквите информации се сосема неточни. Имено на 29 јули Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект Еко центар 97, Скопје, во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали“, се наведува во соопштението.

Во извештајот пишува дека е обезбеден висок степен на безбедност на цистерната со инсталирање на систем за ладење кој е поставен за да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок.

Исто така, велат од Министерството, за преточување и дислоцирање на винил хлорид мономер Екоцентар 97, Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот и тоа со фирма од Германија за печка за палење отпад, со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција и со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ.

Од МЖСПП велат дека планираната посета на инженерите од Франција и Италија која што треба дало се реализира во март, била одложена поради коронавирусот.

Исто така, велат од таму, набавени се и веќе се пристигнати две цистерни со специјализирана намена за складирање и транспорт на винил хлорид мономер во кои ќе се преточува отпадниот винил хлорид мономер и ќе се транспортира до крајната дестинација – Инсенераторот во Германија.

„Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните два-три месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период“, велат од Министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This