ТРИ „ИЉУШИНИ“ ПОЛНИ СО ВОЈСКА СЛЕТАА ВО СРБИЈА: Руската, Српската и Белоруската армија на заедничка вежба „Словенско Братство“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три воено-транспортни руски авиони „Иљушин“ со 212 припадници на руската војска долетаа на батајничкиот аеродром поради учеството во воените вежби „Словенско братство 2016“

iljusin-76-715x400

Заедно со руската војска дојдоа и 56 припадинци на Вооружените сили на Република Белорусија, а на вежбите ќе учествуват и 450 припадници на српската војска.

Покрај човечкиот капацитет, Русија во Србија доведе и три оклопни возила „Бе-Ем-Де 2, мали беспилотни извидувачки летала „Тахион“ како и четири квадови.

Како што претходно беше најавено, вежбите ќе се одржат од 3-ти до 9-ти ноември на аердоромите и полигоните на Војската на Србија, со цел да се унапедат оперативните способности за решавање на тактички и огнени задачи за изведување на против-терористички операции во мултинационално окружување.

За време на вежбата ќе биде прикажано и извршување на хеликоптерски и падобрански десант, десантирање на борбени оклопни возила, обезбедување на десантни простории, извршување на марш, завземање на линија на блокада, извршување на напад на терористичка база, извидување на бунтовнички позиции со употреба на беспилотни летала, како и артилерсика припрема на напад, воздухопловна огнена поддршка на напад, санитетска евакуација, дејство на одземено возило и уништување на експлозивни направи.

Вежите ќе се изведуваат паралелно на автоматизираното стрелиште „Орешац“ на полигонот „Пасуљански лиади“, како и на аеродромите „Ковин“ и „Батајница“.

Во Србија допатували Ансамбл на воздушно-десантнита војска на Вооружените сили на Руската Федерација, кои со уметничкиот анасамбл на Министерството за одбрана на Србија „Станислав Бинички“ ќе одржат заеднички концерти во Ниш, за припадниците на војската на Србија и граѓаните на 6-ти ноември со почеток во 19 часот, а за учесниците на вежбите во Панчево на 13-ти ноември.

Инаку, првата воена вежба „Словенско братство“ е одржана минатата година во близина на Новоросијска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This