Тупурковски си заминувa, еве кој е избран за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот кошаркарски работник Даниел Димевски на вечерашнoто изборно собрание во Скопје беше избран за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Васил Тупурковски беше на чело на МОК од неговото основање и се до денес, кога објави дека се повлекува од функцијата.

Единствен пpoтив-кандидат на Даниел Димевски беше атлетичарката Александра Војнеска – Зикова, но иако нејзината кандидатура првично била прифатена, подоцна била одбиенa со образложение дека не го усполнува условот да има претходно искуство од раководење со спортска федерација во времетраење од четири години.

Димевски (51) е дипломиран економист, кој магистрирал на Отсекот за меѓународно право, политика и дипломатија при Правниот факултет во Скопје.

Тој имаше успешна кариера како спортски работник, почнувајќи како претседател на КК Работнички од 1996 до 2001 година, при што клубот освои четири титули. Од 2005 до 2015 година беше на чело на Македонската кошаркарска федерација и ја предводеше „ѕвездената генерација“ со Антиќ, Гечевски, Илиевски, Меккејлеб и останатите легендарни македонски кошаркари до четвртото место на ЕП во кошарка кое се играше во Литванија во 2011 година.

Во неговите меѓународни ангажмани се запишани учеството како Претседател на натпреварувачката комисија на ФИБА Европа со мандат од четири години (2010-2014), а потоа беше и кандидат за Претседател на ФИБА Европа, кога во последниот круг зaгуби од актуелниот претседател. Во МОК е член од 2012 година како дел од УО, а од 2017 година е Советник за спорт на премиерот.

Даниел Димевски освен спортските титули исто така е носител на Златен медал (орден) за заслуги за Македонија, кој му е доделен од Претседателот Ѓорѓе Иванов за промоција на државата во областа на спортот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This