Туристичка агенција организира тури за посета до домот на Атиџе по цена од 30 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организирана пешачка тура до домот на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”, од селото Дорфулија, до селото Бекрилија, каде пчеларката ги пречекува гостите со кафе, е актуелна во јавноста изминатиот период, а се реализира преку туристичката агенција ,,Enjoy Balkans” и нејзиниот челен човек, Александар.

Во разговор за ,,Фокус” тој појаснува дека замислата да се организираат туристички тури до домот на Атиџе била негова, со цел да се промовираат убавините во овој дел на земјава, но и да и се помогне финансиски на Муратова.

-Дојдов до оваа интересна замисла, и стапив во контакт со Атиџе и со нејзиното семејство. Таа радосно прифати, се согласија и нејзините блиски. Веќе бевме групно во посета кај неа, задоволни се сите учесници во турата. Можам да кажам дека речиси 90 проценти од заработката одат кај Муратова, јас работам без некој посебен финансиски бенефит, желба ми беше да придонесам за запознавање на природните убавини во овој регион, да се запознаат учесниците во турата со традицијата која владее овде, со секојдневниот живот на мештаните, да се запознаат со Атиџе.

Таа ги пречекува гостите со турско кафе, па им гледа и гата во филџан, се дружат со неа, знае и да им запее. Ги почитуваме мерките за заштита, и понесуваме убави впечатоци од овој предел – вели туристичкиот водич.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This